Видал: Интер е сериозен кандидат за Скудетото!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Артуро Видал зборуваше во интервју за италијанските медиуми за амбициите на Интер сезонава во Серија А.

Чилеанецот смета дека Интер ќе го нападне Скудетото и ќе се бори до крајот за конечно да го освои.

„Не се плашам да кажам, Интер оди по Скудетото. Нашата цел е таа. Секако, пред да мислиме на титулата мораме да работиме и да одиме од натпревар во натпревар. Клубот има проект со млади фудбалери кои имаат голема желба да освојат нешто. Жалиме што рано бевме елиминирани од Лигата на шампионите меѓутоа сме во игра за два важни турнири и ќе дадеме се од себе да излеземе како победници“, кажа Видал

Во овој момент Интер е втор на табелата и следниот натпревар го игра на 3. јануари против Кротоне.