ВИДЕО: Џоел Ембиид го расипа празничното расположение на Милвоки Бакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Филаделфија 76ерс синоќа на домашен паркет го поразија Милвоки Бакс со 121:109 во рамки на божиќниот спектакл на НБА лигата.

Во прашање беше дуелот на два тима во одлична форма кој на крај му припадна на домаќинот највеќе благодарение на Џоел Ембиид кој покажа дека игра во одлична форма.

76ерс практично го решија победникот уште во првото полувреме бидејќи по две четвртини водеа со 21 поен разлика. Во продолжение на мечот разликата достигна максимални 29 поени, но гостите до самиот финиш разликата ја намалија на солидни минус 12.

Ова е трета победа по ред на Филаделфија до која ги водеше Ембиид со учинок од 31 поени и 11 скокови. Добар беше и Харис со 22 поени.

Кај поразените Јанис Антетокумпо ја имаше една од послабите партии со ‘само’ 18 поени и 14 скокови. Иако тоа се солидни бројкои, Јанис ни покажа сезонава дека е навикнат на многу повеќе поени и дека ова се нешто поскромни бројки. Во Бакси највеќе се истакна Мидлтон со 31 поен и осум скокови.