(Видео) Млад кошаркар во критична состојба: Пожарникари го извлекуваа од уништеното Ферари


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Италија! Младиот и перспективен кошаркар Матео Бетанти (21) се наоѓа во критична состојба.

Сѐ се случи на една од најпрометните улици во Вигевано, а за среќа во моментот на несреќата, во неделата околу 19:30, на тротоарот немаше пешаци, бидејќи поинаку ќе се случеше вистинска трагедија.

Скапиот Ферари наводно поради преголема брзина изгубил контрола и удрил во ѕидот на цвеќарница, при што настанала огромна штета. Возилото се здреди и застанало сред улица, целосно здробено.

Во автомобилот биле двајца мажи, зад воланот бил младиот талентиран италијански кошаркар Матео Бетанти, а на совозачкото седиште бил бизнисменот Алберто Ригини.

Пожарникарите морале да ја исечат олупината на автомобилот за да ги ослободат заробените патници, младиот Бетанти бил во критична состојба, така што со хеликоптер од итната помош го префрлиле во болницата Нигуарда во Милано, каде што се наоѓа на одделот за интензивна нега. Неговата состојба е сериозна, повредите се тешки.

.