(Видео) Не е лесно за семејството на Роналдо: Погледнете како предизвикаа хаос меѓу обожавателите во Емиратите


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо беше главната ѕвезда на настанот Globe Soccer Awards, кој се одржа во хотелот Atlantis The Royal во Дубаји, а камерите снимија каков метеж предизвика доаѓањето на неговото семејство.

Членот на саудискиот Ал Насср доби награда за најдобар играч на Блискиот исток на церемонијата Globe Soccer Awards која заеднички ја организираат Европската асоцијација на фудбалски менаџери (EFAA) и Асоцијацијата на европските клубови (ECA).

Роналдо на церемонијата пристигна во придружба на своето семејство, односно на избраничката Георгина Родригес и синот Кристијано Јуниор.

Целото семејство на Роналдо привлече големо внимание. Георгина за овој настан носеше тесен црн фустан кој достигнуваше до подот. Имаше долги ракави кои беа изработени од проѕирна ткаенина различна од останатиот дел од материјалот.