Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодинешниот Мундијал.
“Лос кафетероси” постигнаа нова победа и се пласираа во нокаут-фазата на натпреварувањето.
Колумбија, во натпреварот од второто коло од групата К одигран во мексиканската Гвадалахара, го победи ДР Конго со 1:0, и со освоени шест бода е на првото место на табелата пред последното коло и дуелот со Португалија.
На друга страна, ДР Конго останува со еден бод, па за пласман во елиминационата фаза ќе му биде потребна победа против Узбекистан.
















