До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во турски Трабзон требаше да се одржи борба за УБО-титулата помеѓу домашниот боксер Емирхан Калкан и Русинот Сергеј Горохов, но сето тоа заврши со масовна тепачка каква ретко се гледа во спортот.
Инцидентот се случи во третата рунда, откако Горохов ја извојува победата со прекин. Рускиот боксер прво ја прослави победата со членови од неговиот тим, а потоа му пристапи на противникот за да ја провери неговата состојба. Но, тој потег очигледно не му се допадна на аголот на Калкан.
Следеше натискање, а потоа и целосен хаос. Во рингот брзо влегоа членови од двата тима, а ситуацијата дополнително ескалираше кога и гледачите влегоа помеѓу боксерите.
Започна масовна тепачка во која летаа столици, а ударите доаѓаа од сите страни. Особено настрада тренерот на рускиот боксер, кој беше нападнат од група луѓе и изударен, додека и самиот победник не помина без последици.
Горохов во еден момент заврши на подот, каде што беше удиран и гаѓан со столици, додека го опкружуваше толпа луѓе. Снимките што се појавија на социјалните мрежи прикажуваат целосен распад на организацијата и безбедноста, додека обезбедувањето и дел од луѓето од спротивниот агол се обидуваат да го прекинат насилството.
.🇹🇷 🤛 Турските навивачи брутално нападнаа руски боксер по борбата
— NEXTA (@nexta_tv) 26 април 2026
Сергеј Горохов и неговиот тим беа нападнати по неговата победа над Емирхан Калкан.
Разгневени гледачи го удрија носителот на UBO титулата со столици, тупаници и удари од нога.
Борбата се одржа во Трабзон, Турција. pic.twitter.com/0iN7aoIh2D










