(Видео) Со оваа акција Модриќ му го спаси животот на Милан


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука Модриќ ја воодушеви италијанската спортска јавност со својата игра на натпреварот Рома – Милан (1:1) дерби од 22-то коло на Серија А.

Модриќ, кој одигра цел натпревар, во 62-та минута уфрли од левото крило на пет метри од домашниот гол, каде што највисок во скокот беше Кони Де Винтер и постигна гол. Лоренцо Пелегрини израмни од пенал во 74-та минута.

Италијанците го слават Модриќ поради асистенцијата за гол, но го истакнуваат и фактот дека овој пат мајсторот на креацијата блесна и во дефанзивната акција. Во 43-та минута десниот бек на Рома, Зеки Челик, излезе пред голот на Милан, а тогаш Модриќ му се фрли во нозете и со одличен клизечки старт го спаси од давање гол на Рома.

.