Видеото од Азар пред натпреварот јасно покажа дека синоќа Челзи немаше шанси да го изгуби натпреварот

Еден Азар го одигра својот последен натпревар во дресот на Челзи.

Фантастичниот Белгиец со два погодоци ги предводеше Плавите до триумф над Арсенал во финалето на Лига Европа и така со трофеј се опрости од Челзи.

Азар имаште голема желба на ваков начин да се опрости од дресот кој го носеше седум години, а видеото кое е снимено пред натпреварот покажува колку мотивиран беше тој пред да започне играта.

Белгиецот на стадионот во Баку влезе како на филм. Очигледно е дека беше многу самоуверен и уверен дека неговиот тим не може да го изгуби овој меч.