Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ го коментираше најскапиот дефанзивец на светот Хари Магвајер.
Видиќ покрај Рио Фердинанд со години беше неизоставен член во тимот на Јунајтед, а откога си заминаа, одбраната на Црвените Ѓаволи беше како „швајцарско сирење“ и Јунајтед ретко успеваше да ја сочува мрежата.
Дефанзивата по доаѓањето на Мегвајер значително се поправи. Сепак, Видиќ верува дека на овој фудбалер му треба помош сеуште, но и дека очекува уште многу големи работи од него.
„Тргна на добар пат. Тој е големо засилување и сите имаат големи очекувања од него. Дефанзивата ги освојува трофеите и Јунајтед мора да се подобрува во тој аспект. По патот кон титулата е потребна силна одбрана која нема да прима премногу голови“, рече Видиќ и додаде:
„Само што стигна, тој ги нема поминато припремите со екипата и верувам дека допрва го следат неговите најдобри игри во кариерата“, истакна Видиќ.
Видиќ играше за Јунајтед од 2005. до 2014. година. Има одиграно 300 натпревари и ги има освоено апсолутно сите титули.