Виери ја разбуди носталгијата на навивачите на Интер кога објави фотографија со Рекоба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијан Виери и Алваро Рекоба беа неверојатен тандем на Интер пред скоро 20 години, и тие останаа добри пријатели по сите овие години.

Вијери ја заврши кариерата во 2009. година со настап во дресот на Аталанта, а од тогаш навистина ужива во пензија. Што се однесува до Рекоба, тој ја заврши кариерата пред пет години во дресот на Национал, и се посвети на тренерската кариера.

Навивачите на Интер беа воодушевени од фотографијата објавена од Виери вчера на Инстаграм. Тој покажа дека сè уште е многу добар пријател со Рекоба и дека тие се дружат секогаш кога ќе имаат можност.

Тие често играат тенис, а по еден таков натпревар, Виери реши да објави фотографија која предизвика носталгија кај навивачите на Интер.

Јасно е дека годините ја завршија својата работа, но мора да се признае дека тие изгледаат многу добро, со оглед дека се веќе во петтата деценија од животот.