Виери кажа кои се позитивните работи во лошата сезона на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот италијански шампион Јувентус најверојатно нема да ја одбрани титулата, а својата авантура ја заврши и во Лигата на шампиони.

Навивачите на „Старата дама“ се разочарани, а лошите резултати не го вознемируваат Кристијан Виери, поранешниот италијански репрезентативец.

„Ако девет пати по ред сте го освоиле првенството, порано или подоцна ќе загубите. Тоа можеше да се случи минатата или следната година, но мораше да се случи. И се случи со Пирло. Но и покрај критиките, Јувентус доби фудбалери за иднината, Кјеза, Кулушевски, МекКени и Артур. Де Лихт, Демирал и Бентакур се играчи за иднината…“, вели Виери.

Виери вели дека Роналдо ги зголемил шансите за освојување на Лигата на шампиони, но тоа не е гаранција.