Виктор Валдес повторно во ПЛ – Доаѓа и Ван Перси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мидлзборо прави фантастичен тим.

Не бранеше многу Виктор Валдес минатата сезона. За Манчестер Јунајтед не дебитираше, а сега конечно би можел да брани во ПЛ. Како што стојат работите, шпанскиот голман би требало да потпише за новиот премиерлигаш, Мидлзборо.

Валдес ќе стигне како слободен играч бидејќи му истече договорот со Манчестер, а пролетниот дел го помина во Белгија каде собра 8 натпревари за Стандард.

Мидлзборо досега ги има доведено Мартин Де Рон од Аталанта за 15 милиони евра, данското крило Виктор Фишер од Ајакс за 5 милиони евра, шпанскиот дефанзивец Бернард Еспиноза од Спортинг Хихон како слободен играч и десниот бек Џордан Мекги од Хартс на позајмица, а вистинската бомба би можела да експлодира во водата на уште еден од поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси.

Холандскиот напаѓач кој минатата сезона ја помина во Фенербахче ги почна преговорите со Мидлзборо.