Вила не жали пари, сега сакаат играч за врска од Серија А!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Клубот од Бирмингем во минатата сезона испадна во понизок ранг, а тоа е најлоша сезона во историјата на клубот во ПЛ.

Ди Матео ја превзеде клупата на тимот, за асистент го постави Стив Кларк, а веќе тргнаа и да ја засилуваат ротацијата.

Стигнаа Елфик (Борнмаут), Голини (Верона), Шибола (Рединг)  и Рос Мекорман, за чии услуги на сметката на Фулам се уплатени 12 милиони фунти.

Сега на „радарот“ на клубот е играчот за врска на Болоња Амаду Дијавара.

Дефанзивниот играч за врска од Гвинеја ќе дојде како замена за Гаја отиде во Евертон, а како што Џанлука Ди Марзио јавува, клубот од Бирминген е спремен на Болоња за неговите услуги да понуди 17 милиони евра.

Дијавара одигра одлична сезона во Серија А, а дресот на Болоња го облече во 34 наврати.

Има само 19 години, а кариерата ја почна во фудбалскиот клуб Сан Марино, кој настапува во третиот по ранг натпреварување во Италија.

За него голем интерес покажуваа и Наполи и Рома, но самиот фудбалер изјави дека повеќе сака да остане на Чизмата.

Астон Вила внимателно ја следи ситуацијата, а е евидентно дека Ди Матео сериозно „загриза“ за младиот играч за врска.