Вилфред Заха наскоро ќе има нов клуб: Кристал Палас доби понуда која не се одбива


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека во текот на денешниот ден на адреса на Кристал Палас стигнала доста примамлива понуда.

Понудата е од Евертон и е втора од овој клуб во последните три дена. Првата понуда на „карамелите“ беше во висина од 55 милиони фунти и истата беше веднаш одбиена.

Новата понуда на Евертон е доста попримамлива и според „Скај Спортс“ е во висина исто од 55 милиони фунти, но во неа се вклучени и двајца играчи. Станува збор за искусниот напаѓач Ченк Тосун, како и играчот од средниот ред Џејмс Мекарти.

Се верува дека оваа понуда е вредна за размислување и дека Кристал Палас веројатно ќе ја прифати истата.