Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Килијан Мбапе би можел да стане вистински крал на „Коп“ доколку се приклучи на Ливерпул, смета поранешниот француски репрезентативец, Вили Сањол.
21 годишниот фудбалер се повеќе се поврзува со трансфер во тимот предводен од Јирген Клоп, меѓутоа засега се е само во доменот на шпекулации.
Мбапе има валиден договор со ПСЖ до јуни 2022 година, а Сањол верува дека тој би „експлодирал“ доколку би работел под водство на Јирген Клоп.
„Ливерпул има голема предност затоа што со Јирген Клоп имате тренер со кој секој фудбалер во светот би сакал да работи. Килијан Мбапе би требал да се приспособи на него затоа што тој бара повеќе дефанзивни задачи и од своите напаѓачи, а Мбапе не е се уште добар во тоа. Но, може да го научи тоа, посебно од човек како Клоп. Без сомнеж, Мбапе може да стане крал на Ливерпул предводен од Јирген Клоп“ –заклучи Сањол.