Вилијан: Не е невозможно да заиграм во друга лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иднината на Вилијан засега е непозната.

Овој 31-годишен крилен играч во моментов игра за Челси, но има договор до крајот на оваа сезона.

Засега не е познато дали ќе има продолжување на соработката или дали Бразилецот ќе ја бара својата среќа во друг клуб на крајот.

Доколку тоа се случи, Вилијан вели дека би сакал да остане во Премиер лигата, но не ја исклучува можноста да замине во друга лига.

„Желбата ми е да останам во Премиер лигата, но јас не ја отфрлам опцијата за друга лига“, му рече Бразилецот на ЕСПН, додавајќи:

„Ќе играм до крајот на сезоната и ќе видиме што ќе се случи. Јас сум навикнат на Англија“.

Да потсетиме, Вилијан е исто така поврзан со враќање во родната земја, поточно Коринтијанс. Тој игра во Европа веќе 14 години.

„Што се однесува до Коринтијанс, сите ме прашуваат тоа. Но, мислам дека нема да се вратам таму за да играм. Целта ми е Европа“, рече искусниот играч од средниот ред.

Тој неодамна зборуваше за тоа како нема да има проблем да игра за Челси дури и по истекот на неговиот договор на 30 јуни, бидејќи се чини дека ниту една лига нема да заврши до тој датум.