ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
На натпреварот на „Месталја“, бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус Жуниор се најде во центарот на скандал, кога физички го нападна македонскиот голман Столе Димитриевски. Оваа агресивна постапка може да доведе до сериозна казна за играчот на Реал Мадрид.
Инцидентот следеше откако Винисиус го удри Столе, поттикнувајќи го судијата да ја прегледа ситуацијата преку ВАР системот. По анализата, Бразилецот беше исклучен со директен црвен картон, што го разгневи уште повеќе и го доведе до расправија со судијата.
Поради ваквиот непромислен потег, Винисиус веројатно ќе се соочи не само со вообичаената суспензија за црвен картон, туку е можно да добие и многу потешка казна. Според шпанските медиуми, дисциплинските правила на Фудбалската федерација на Шпанија налагаат строги мерки за слични инциденти.
Како што се наведува во објавите на шпанските спортски медиуми, „Член 104 од дисциплинскиот правилник на шпанската фудбалска федерација дефинира дека агресивното однесување на теренот се казнува со суспензија која може да трае од четири до 12 натпревари“.
Vinicius Jr:
— Footy Humour (@FootyHumour) January 3, 2025
“I just want to play football.”
pic.twitter.com/3iqOW7oysM
Vini Jr. was shown a straight red for this against Valencia 😳 pic.twitter.com/frJrcrRk9R
— Football Report (@FootballReprt) January 3, 2025