Винисиус го нарекоа „мајмун“, па ги замолче сите: Слушајте ме внимателно…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор беше навредуван во текот на претходните денови поради неговата прослава на головите, затоа што танцува по секој погодок.

Претседателот на фудбалските агенти Педро Кастро кажа дека Бразилецот „танцува како мајмун“, а тоа предизвика бура од реакции во светската јавност.

Зад Винисиус застанаа неговите сонародници, Пеле, Роналдо и Нејмар, а сега реагираше и ѕвездата на Реал Мадрид.

„Станав жртва, но тоа не почна од вчера. Пред неколку недели почнаа да го навредуваат мојот танц. Тоа е танц на прослава на културните разлики низ целиот свет. Нема да застанам, доаѓам од земја каде што владее сиромаштија. Слушнете ме добро. Никогаш нема да престанам да танцувам“, кажа Винисиус.