Винисиус: Исполнив два соништа за еден ден, а најдоброто допрва доаѓа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот бразилски фудбалер Винисиус Јуниор се потсети на денот кога се остварија неговите два најубави соништа.

Винисиус потпиша за Реал Мадрид во летото 2018. година, каде дојде од Фламенго, Бразил. Договорот за трансферот беше постигнат една година порано, во мај 2017. година, но договорот беше официјализиран кога Бразилецот наполни 18 години на 12. јули 2018. година.

Трансферот беше најголем во Бразил после оној на Нејмар затоа што Фламенго заработи 46 милиони евра.

20-годишникот сега објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа дека неговите соништа се остваруваат пред три години, потпишувајќи за Реал Мадрид на своето деби со Фламенго.

“Пред три години, остварив два соништа за еден ден. На 16-годишна возраст го направив своето деби со Фламенго и потпишав договор со Реал Мадрид”, напиша Бразилецот.

“Дури и во моите најлуди соништа, не очекував работите да одат на тој начин. Ви благодарам на сите што ми помогнавте и верувавте во мене. Најдоброто допрва треба да дојде”, тврди младиот напаѓач.