Винисиус ја крена Шпанија на нозе, градоначалникот на Мадрид бара извинување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор во интервју за „Си-Ен-Ен“ зборуваше за расизмот во Шпанија.

Жуниор кажа дека на Шпанија треба да ѝ биде одземена организацијата за Светското првенство (СП) поради расизмот.

Градоначалникот на Мадрид, Алмеида веднаш реагираше и побара извинување од Бразилецот.

„Во борбата против расизмот Винисиус доби поддршка од голем број Шпанци и ние сме на негова страна кога не нарекува расисти. Барам веднаш да се извини за својата изјава. Ако е добар фудбалер, не значи дека смее да прави вакви грешки. Треба да е благодарен и воодушевен што живее во еден од најубавите градови во светот. Во Мадрид никој не го прашал од каде е, ниту пак го навредил“, изјави Алмеида.