Винисиус не е единствен: Уште две ѕвезди ќе ги продолжат договорите со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид вчера потпиша договор со Винисиус Жуниор до јуни 2027 година, а во следните денови треба да паднат уште два важни потписи во тимот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Бразилецот Родриго утре ќе потпише нов договор со „кралскиот клуб“, а потоа соработката ќе биде продолжена и со Едуардо Камавинга.

Овие тројца фудбалери треба да бидат главни столбови на „кралевите“ во иднина, а ова е уште еден знак дека шпанскиот тим мисли на годините кои доаѓаат.