Вирц е заглавен во Ливерпул, но му пристигнува „рака за спас“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кога Флоријан Вирц летово дојде на „Енфилд“, атмосферата беше исполнета со очекувања. Ливерпул плати огромна сума за да го доведе еден од најталентираните германски играчи за врска, човекот кој во Бајер Леверкузен ја носеше играта на шампионскиот тим. Сепак, неколку месеци подоцна, впечатокот е разочарувачки.

На теренот, Вирц засега покажува многу малку од она што го красеше во Бундеслигата. Во Англија се чини побавен, премногу неодлучен, и сè уште го бара ритамот и самодовербата во системот на Слот.

Навивачите се трпеливи, но и загрижени. Вирц не е играч што не знае, туку, барем засега, не успева да го најде своето место во различниот ритам на Премиер лигата. Во клубот и понатаму веруваат дека „германскиот бисер“ ќе проработи, но оваа полусезона остава горчлив вкус.

Германското чудо донесено од Леверкузен требаше да направи разлика на теренот, а 22-годишникот засега во 11 натпревари има само една асистенција. Се вклопи во сивоста на „црвените“, кои се во ужасна форма, имаат три последователни порази во Премиер лигата и четири, сметајќи го и поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите.

Германскиот офанзивен играч за врска, чија вредност се проценува на околу 150.000.000 евра (вклучувајќи бонуси и потенцијални трансфери), досега пружи разочарувачки настапи за „црвените“, што наведе многумина да се посомневаат во неговата иднина во Ливерпул.

Но, постојат и оние што би сакале веднаш да го вратат назад. Тоа е Чаби Алонсо, неговиот поранешен тренер во Леверкузен, а сега во Реал Мадрид, кој од управата на кралскиот клуб побара да ја следат ситуацијата околу играчот, надевајќи се дека летово би можел да го купи.

Чаби го тренираше Вирц од 2022 до 2025 година и го познава многу добро, а бидејќи Шпанецот е свесен за потешкотиите со кои се соочува Вирц во Англија, ќе се обиде да соработува со него во Мадрид, а не е исклучено и тоа што Ливерпул би си признал себеси грешка и би разгледал трансфер на крајот на сезоната.

Во одбрана на Вирц неодамна застана селекторот на Германија Јулијан Нагелсман. „Иако не постигна гол, тој е играчот кој создава најмногу шанси во Премиер лигата“, изјави Нагелсман за Спорт 1.