Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Сите мислеа дека Баерн е главниот фаворит за доведување на Флориан Вирц и дека овој одличен фудбалер ќе потпише за гигантот од Минхен.
Сепак, големо изненадување беше одлуката на Вирц да замине од Германија и да се договори со Ливерпул, и останува само официјално да биде претставен како нов играч на овој клуб.
Челниците на Баерн сметаа дека го имаат завршено трансферот за Вирц, но тој пред неколку дена одлучи да ги извести дека заминува во Ливерпул.
Во Баерн веднаш започнаа да размислуваат за други играчи и го пронајдоа идеалното засилување кое го одобри и Компани.
Станува збор за Езе, фудбалерот на Кристал Палас кој игра феноменално во својот клуб и кој е подготвен за исчекор кога станува збор за клупскиот фудбал.
Овој фудбалер има 26 години, а челниците на Баерн сакаат да ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 80 милиони евра.
Фото: Принтскрин