Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона остана без титулата во Ла Лига, а Лионел Меси по седми пат во кариерата го освои трофејот за најдобар стрелец во првенството и притоа постави рекорд по број на асистенции.
Јасно е дека тоа би го заменил за титулата во Ла Лига, но таа ја освои лутиот ривал Реал Мадрид.
„Тоа се индивидуални награди, а тие не се важни. Би сакал да го освоиме првенството како претходните години. Штета што не успеавме, но сега е готово“, кажа Меси.
Аргентинецот вели дека самокритиката е важен дел.
„Важно е. Немавме најдобра сезона, но против Алавес покажавме дека многу работи може да се променат. Покажавме став и пристап каков што ни е потребен“, вели Меси.