Вистината за Марадона ја раскажа Роналдо: Мене ми остави еден часовник за спомен…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Многумина се прашуваа зошто Диего Марадона носи два часовници на раката. Некои познати личности носат затоа што сметаат дека е модерно, но Аргентинецот имал поинаква причина.

Иако Марадона кажа дека носи два часовници за да знае колку е часот кај него во Аргентина, доколку замине некаде, сепак бразилскиот Роналдо открива која е вистината.

„Првпат кога Диего дојде во Мадрид да ме посети и да гледа натпревар, тој носеше два часовници. Беше легенда, а на вечера ми објасни дека ги носи затоа што двата часовници му ги дала ќерка му и од тогаш не ги оставил. Беше подготвен да ми подари еден, но јас не сакав да го прифатам. На крајот морав да го земам, зашто тој сакаше да го чувам како спомен…“, откри Роналдо.

Роналдо, како и многу други, беше погоден од тажната вест за Марадона, кој почина во средата во својот дом од срцев удар.