Вистинска легенда: Серхио Рамос изедначи неверојатен рекорд кој го има и Лионел Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа изедначи рекорд на ѕвездата од Барселона – Лео Меси по број на последователни сезони во Ла Лига во кои има постигнато барем по еден погодок.

И покрај тоа што е дефанзивец, Серхио Рамос многу често постигнува погодоци, а така беше синоќа и против Леганес. Реал славеше со резултат од 5:0 во 11. коло во Ла Лига, а Рамос од белата точка се запиша во листата на стрелци.

Тоа е 16. последователна сезона во која дефанзивацот на шпанската репрезентација постигна погодок во шпанскиот шампионат со што го изедначи рекордот на Лионел Меси.

Освен во дресот на Реал, Рамос постигнуваше погодоци играјќи и за Севиља и тоа во сезоната 2004/05. Тогаш првенецот го постигна против Реал Сосиедад, а вториот погодок беше баш против „неговиот“ Реал.

Во својата кариера тој има одиграно 468 натпревари во Ла Лига и за својата позиција има постигнато фантастични 30 погодоци односно отприлика по два погодоци во сезона.

Уште поефикасен е во дресот на Шпанската репрезентација за која има одиграно 168 натпревари и има постигнато 21 погодок