Вистински магионичар: Најдоброто додавање во кариерата на Дончиќ 🎥

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар, но тоа не му помогна на Далас маверикс да го совлада Портланд трејл блејзерс.

Дончиќ го заврши натпреварот со 38 постигнати поени, девет скокови и девет асистенции, од кои една беше најдобра во неговата кариера.

Фантастичниот Словенец тргна кон кошот, а потоа испрати додавање од зад грб кон неговиот соиграч, кој имаше шут за три поени.