Витсел го напушта Зенит и бира меѓу три гиганти


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Белгиецот Аксел Витсел сака да го напушти Зенит, тврди актуелниот тренер на рускиот клуб Мирчеа Луческу. Витсел дојде во Русија во 2012 година од Бенфика и досега забележа преку 150 настапи за клубот, но сака да игра на повисико ниво после четири сезони поминати во Русија.

„Тој зборуваше со клубот и сака да замине. Има две понуди од Англија како и од Италија. Клубот сака да добие доста пари за него бидејќи тој е важен играч. Понудено му е продолжување на договорот, но тоа нема да биде лесно бидејќи зборуваме за играч кој може да игра во речиси сите европски тимови“, рече Мирчеа Луческу.

Да додадеме дека досега за неговите услиги интерес покажаа клубови како Челси, Јувентус, Интер и Евертон.