Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандемијата на коронавирусот полека ја губи битката на најголемите европски жаришта. Италија и Шпанија беа жестоко погодени од вирусот, па голем број луѓе го загубија животот, но ситуацијата секојдневно се стабилизира.
Подобрата здравствена ситуација би можела да го врати фудбалот и останатите спортови на теренот. Италијанските клубови би можеле да почнат со тренинг на четврти мај, а најверојатно и Шпанците ќе се вратат во тој период.
Шпанската влада е убедена дека на 26 април ќе биде прекината вонредната состојба во државата и се очекува работите да се вратат во нормала и животот полека да продолжи да тече во ист ритам.
Постојат неколку сценарија за почеток на Ла Лига, а тоа се 28 мај, 6 јуни и 28 јуни, како што кажа првиот човек на шпанската фудбалска федерација.