Влаховиќ ја одби понудата од 60 милиони евра


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Душан Влаховиќ неодамна ја одби понудата од Фенербахче од 10.000.000 евра по сезона, а италијанските медиуми наведуваат дека сега кажал не и на двојно поголема сума.

Имено, репрезентативецот на Србија негативно одговори на 20.000.000 евра по сезона од Ал Ахли и договорот за три години, односно 60.000.000 евра.

Во редовите на азискиот шампион се имињата како Ајван Тони, Роберто Фирмино, Ријад Марез, Едуард Менди, Френк Кеси…

Клубот од Џеда сака да ја врати титулата шампион на Саудиска Арабија по 10 години, а меѓу другите на клупата седеше и Владан Милојевиќ, тренерот на Црвена звезда.

Фото: Принтскрин