До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Извесно е дека Душан Влаховиќ ќе го промени клубот на крајот од оваа сезона.
Имајќи предвид дека му истекува договорот со Јувентус, Душан Влаховиќ нема да остане бидејќи има неколку многу добри понуди на маса и, како што веќе пишувавме, најдобрата доаѓа од Барселона која го сака како замена за Роберт Левандовски. Се споменува дека се подготвени да издвојат 12 милиони евра годишно за плата колку што Влаховиќ има во Јувентус.
Го сакаат и многу други, еден од клубовите кои покажувале интерес е и Милан, но Росонерите се далеку од фаворити да го доведат српскиот напаѓач бидејќи не се подготвени да издвојат толку многу пари на годишно ниво за плата.
Сепак, тие имаат план Б.
Тоа е Роберт Левандовски, фудбалер кој ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.
Алегри многу го посакува Влаховиќ, но полскиот фудбалер во овој момент е пореална опција и некој кој и во своите 37 години би можел да помогне на тимот кој трага по сериозна „деветка“.
















