Влаховиќ сака да остане во Јувентус додека не му го исплатат и последното евро


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Српскиот напаѓач сака да остане во Торино до следното лето, кога му истекува обемниот договор со Јувентус.

Италијанската Газета пренесува дека некогашниот шпиц на Партизан и Фиорентина не сака да ги напушти бјанконерите, со кои има важечки договор до летото 2026 година.

Иако Жозе Мурињо очајно сака да го доведе во Фенербахче, Влаховиќ не е заинтересиран за преместување во помалку квалитетна лига за помалку пари, иако Јувентус не го вклучува во плановите за следната сезона,

Напаѓачот има плата од речиси 19.000.000 евра годишно, што го става на лидерското место на платниот список, и тоа особено убедливо. Неговиот прв следбеник е Бразилецот Бремер, со дури 10.000.000 помали примања.

Фото: Принтскрин