Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Галијани тргна да прави тим за новиот тренер.
Силвио Берлускони уште еднаш успеа да ја изненади јавноста со поставувањето на Винченцо Монтела за нов тренер на Милан, но тоа е самиот првиот чекор во низа кој треба да ги заздрави росонерите. На сите ни е јасно дека Милан нема тим за големи дела, па Монтела го предаде списокот на желби.
На чело на списокот е Марко Пјаца, 21-годишниот бисер на Динамо кој според Газета Дело Спорт е засилување од соништата за Монтела. Проблемот е тоа што хрватскиот репрезентативец одамна го привлече вниманието и од други богати европски клубови, се пишуваше дека Бенфика испратила понуда од 17 милиони евра, се споменуваше и Интер и некои германски клубови… На лицитацијата за Пјаца тешко дека росонерите ќе победат.
Се споменува и Роберто Соријано кој соработуваше со Монтела во Сампдорија, но откупната клаузула од 15 милиони евра го насочува Милан кон друга насока.
На Сан Сиро размислуваат и за алтернативни решенија, а меѓу нив е и Адем Љајиќ со кој Монтела соработуваше во Фиорентина. Торино има договор со Рома, но се чека ДА на Љајиќ.
Монтела го сака и Леонардо Паволети од Џенова, но под услов Карлос Бака да си замине што нема да се случи ако не стигне задоволувачка понуда. Во таа варијатна нападот на Милан ќе биде предводен следната сезона од Паволети и Лападула.