Во 2011. година, Леброн Џејмс мислел да го промени спортот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леброн Џејмс скоро го промени спортот во 2011. година и сериозно размислувал да игра во НФЛ.

Најголемата sвезда во НБА-лигата бил подготвен да го смени спортот и да игра американски фудбал, а во текот на 2011. година за време на НБА локаутот бил на тренинзи и на маса имал понуда од Далас Каубојс.

Леброн во еден подкаст призна дека бил сериозен во врска со преминот во НФЛ.

„Размислував за тоа. Не знаев колку долго ќе трае на локаутот“, рече Џејмс, додавајќи:

„Бев ‘мртов’ сериозен. Почнав да работам уште понапорно во салата. Беше лудо.“, рече Џејмс.

Сепак, НБА лигата се врати многу брзо и сонот на Леброн Џејмс за кариера во НФЛ кратко траеше. Сепак, многумина тврдат дека тој заради неговите физички способности би се снашол многу добро , особено кога се знае дека тој бил фантастичен играч во американски фудбал во средно училиште.