Во 2017 година им кажале дека не е добар, а сега треба да го платат 111 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона бара замена за Луис Суарез, а потребен им е напаѓач од светска класа кој во следните сезони ќе го наследи одличниот Уругваец.

Првиот избор е 22-годишниот Аргентинец, Лаутаро Мартинез, кој сезонава игра одлично под водство на Антонио Конте.

Мартинез во моментов има постигнато 13 голови и три асистенции во 21 меч за гигантот од Милано.

Барселона сега ќе мора да ја плати својата голема грешка од 2017 година, кога им кажале дека Мартинез не е доволно добар.

Аргентинците тогаш барале 25 милиони евра за Мартинез, а сега тој вреди повеќе од 100 милиони евра, кои ќе мора Каталонците да ги исплатат ако го сакаат напаѓачот.