Во бразилски клуб, дури 16 лица имаат коронавирус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најголемите бразилски клубови, Васко да Гама, во понеделникот објави дека дури 16 негови играчи се позитивни за коронавирус и истите се во изолација.

Клубот од Рио де Жeнеиро во неделата на својот канал „Јутјуб“ објасни дека спровел вкупно 350 тестови меѓу играчите, членови на нивните семејства и меѓу техничкиот и административен персонал на клубот и дека 30 проценти од тестираните веќе биле во контакт со вирусот.

Во тие 30 проценти, исто така, има 16 играчи кои се сместени во изолација, додека тројца други фудбалери се опоравија.

„Позитивните фудбалери ќе се следат редовно и ќе можат да се приклучат на тренинзите, кога сме сигурни дека не се во опасност да го пренесат вирусот во остатокот од клубот“, рече лекарот на тимот Маркос Тешеира.

На почетокот на мај, тројца играчи на Фламенго, се тестирани позитивни на вирусот. Во Бразил, фудбалските натпревари беа прекинати кон средината на март, поради пандемија на коронавирус, во која загинаа скоро 30.000 луѓе.

Со 53.388 случаи на инфекција и 5.344 смртни случаи, Рио е втор по бројот на случаи по Сао Паоло. Во некои јужни држави кои немаат толку заболени, фудбалските клубови започнаа со тренинзи на почетокот на мај, додека клубовите во Рио тоа можат да го прават од понеделник, а во Сао Паоло се уште е на сила прекин на тренинзите.