Во Денвер останаа изненадени – Јокиќ се „поправил“ 15 кг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во тренинг-кампот на Денвер нагетс пред почетокот на подоготвките за НБА-сезоната се појави со дури 15кг повеќе.

Јокиќ во моментов има 128 кг, додека пред почетокот на минатата сезона имаше 113 кг, па чуди што Србинот не внимавал на својата тежина во текот на одморот.

Јокиќ ги промени навиките за храна и почна да работи на себе, но очигледно враќањето во родниот Сомбор во текот на паузата влијаело на неговите килограми.

Претсезоната за Денвер почнува на 11 декември против Голден Стејт вориорс во гости. Денвер минатата сезона играше финале на Западната конференција, во кое беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс.

Јокиќ во сезоната 2019/20 во просек постигнуваше по 19,9 поени, 9,7 скокови и седум асистенции.