Во Фиорентина создаваат хрватска колонија, сега стигна и лев бек


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во  Фиорентина се создава вистинска колонија на хрватски фудбалери ,поради тоа што еден Хрват премина во редовите на Виолетовите.

Фиорентина денеска го доведе досегашниот лев бек на Хајдук Хрвоје Милиќ, кој потпиша договор на три години.

Милиќ е 27-годишен лев бек кој може да игра и на повеќе позиции во средниот ред, па како таков ќе користи на Фиорентина.

Тоа е потврдено на клупскиот сајт на овој гигант на италијанскиот фудбал, па Милиќ стана веќе трет хрватски репрезентативец кај Виолетовите.

Тој за репрезентацијата на Хрватска настапи шест пати.