Во Интер почнаа да не веруваат во Лукаку, во јануари носат нов напаѓач од Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот медиум „Сан“ пренесува дека од раководството на Интер се подготвени во јануари да влезат во преговори со Челси за искусниот напаѓач, Оливие Жиру.

Французинот е во втор план кај Френк Лампард и така веројатно и ќе остане по импресивните настапи на младиот Тами Абрахам кој веќе собра седум погодоци оваа сезона во дресот на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Токму затоа, Жиру ќе побара нов предизвик во кој би можел да игра постандардно, а не е исклучена можноста тој да се пресели во Италија од каде се појавил интересот од страна на Интер.

Интер во моментов ги има Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез на напаѓачката позиција, но Конте сака да им донесе уште еден искусен голгетер како конкуренција во нападот.