Во Интер тренерот го чека преземањето на функцијата, а само шестмина осигураа опстанок… ?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Додека го чекаат конечниот одговор, во Интер направија список на недопирливи. Останаа стравовите…

Антонио Конте е блиску до клубот, тој во принцип прифати тригодишен договор кој ќе биде помеѓу 8 и 9 милиони, а ќе добие и бонуси за трофеи, но конечниот збор околу идејата на Марота ќе ја дадат Кинезите.

Стивен Жанг го чека крајот на првенството, Интер е блиску до Лигата на шампионите, но не блеска, отказот на Спалети ќе ги чини 20 милиони евра.

Конте како што се наведува би можел да отпатува во Кина, да го изнесе својот план, но и да добие гаранција околу засуилувањата, веќе се знае дека ќе го донесе Годин како слободен играч, а уште три или четири играчи сигурно ќе го засилат тимот.

Меѓутоа, како што стојат работите, само шестмина се сигурни дека следната година ќе бидат во клубот. Во прашање е Хандановиќ, Шринијар, Асамоа, Брозовиќ и Раџа Наинголан. Ова секако не значи дека сите други ќе заминат, но да кажеме Лаутаро Мартинез би можел да биде продаден, ако стигне непристојна понуда, што не е веројатно.

Исто така, за Перишиќ нема понуда, па не е невозможно да остане, како ниту Галјардини кого Конте го почитува.

Останува да се видиме како ќе се расплете чворот околу Икарди, во секој случај, Интер, ако дојде Конте ќе тргне од почеток. Колку е тоа паметно, останува да видиме…