Во јануари ја доби престижната награда па ги закачи копачките „на клин“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Вендел Лира донесе изненадувачка одлука кога денеска објасни дека дефинитивно ќе го напушти фудбалот, и со само 27 години заминува во пензија.

Имено, овој фудбалер во последните неколку сезони го следеа бројни повреди, па поради истото се одлучи да го напушти фудбалот.

Тој во јануари во оваа година за својот брилијантен гол, ја понесе престижната награда Ференц Пушкаш, а сега заминува засекогаш од фудбалските терени, а останува да се натпреварува како гејмер во популарната игра ФИФА.

Во видео прилогот погледнете го голот со кој ја освои оваа награда, и самата реакција на истото.