Во Јувентус се запалија сите аларми: Наполи и Елмас во среда ќе му ја одредат судбината на Пирло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус по ремито со градскиот ривал Торино (2-2) стигна до делба на четвртата позиција, а во среда игра против Наполи, кој ќе биде важен за тренерот Андреа Пирло.

„Старата дама“ остана речиси без шанси да го освои Скудетото и ќе се бори до крајот на сезоната да заврши во топ-4 и да избори пласман во Лига на шампиони.

Во Јувентус се запалија сите аларми, а според голем број медиумите, Пирло е на праг да остане без работа доколку не го победи Наполи.

Се шпекулира дека Јувентус ќе го врати Масимилијано Алегри на тренерското столче барем до крајот на сезоната, но на лето тимот ќе бара некој поискусен тренер од Пирло, а се подготвува и ремонт.