Во Јувентус следат големи промени ова лето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јуве веќе го продаде Миралем Пјаниќ, за кого го даде Артур Мело и заработи 10 милиони евра. Пјаниќ е само еден во низата фудбалери на Старата дама кои ќе да го напуштат клубот.

Тутоспорт пишува дека Гонзало Игуаин, Федерико Бернардески, Даниеле Ругани, Сами Кедира, Матија де Шиљо и Блез Матуиди исто така ќе го напуштат тимот. Тие треба да бидат на листата на трансфери или клубот ќе ги вклучи во потенцијални размени.

Целта на Јувентус е да пронајде играчи кои одговараат на визијата на тренерот Маурицио Сари, но и да го подмладат тимот. Проблем се високите плати на sвездите на Јуве, па затоа ќе биде потешко да се продаваат, но клубот ќе направи се за да се ослободи од нив.

Секако, сите овие заминувања ќе предизвикаат нови пристигнувања, а покрај Артур, во Јувентус се очекуваат уште неколку талентирани и млади фудбалери. Еден од основните потези би можел да биде трансферот на Федерико Киеза од Фиорентина.

Јуве се доближува до уште едно Скудето, а тие сепак треба да доиграат во Лигата на шампионите, па доколку направат добри резултати, се верува дека буџетот за трансфер ќе биде многу поголем и дека Сари ќе има можност да донесе играчи кои се по негов вкус.