Во каква состојба е Михаел Шумахер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот возач Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на крајот на 2013 година, по што „исчезна“ и никој не знае детали за неговата здравствена состојба.

Малку информации се појавија во јавност за Германецот, а неговиот пријател Жан Тод вели дека луѓе ја лажат јавноста дека знаат во каква состојба е поранешниот шампион во Формула 1.

Тод има привилегија да го посети неговиот пријател, но не смее премногу да зборува за состојбата на поранешниот возач на Ферари.

„Ве молам да го оставиме на мир. Да ги почитуваме желбите на неговата сопруга Корина и децата. Тие сакаат приватност поради последиците од несреќата. Секој кој јавно кажува дека знае нешто, не е вистина. Се гледам со него постојано“, вели Тод.