Борусија Дортмунд би можела да остане без еден од своите најважни играчи, а во целата приказна се вклучи никој друг освен Реал Мадрид.
Германските медиуми пишуваат дека иднината на Ника Шлотербек повторно е под голем знак прашање.
Иако раководството на Борусија веќе со месеци се обидува да договорат продолжување на соработката со 26-годишниот репрезентативец на Германија, преговорите заглавија, што отвори простор шпанскиот клуб да започне со активност.
Шлотербек е еден од столбовите на одбраната на Borussia и играч околу кој во Дортмунд планираат да го изградат тимот за наредните сезони.
Меѓутоа, според извештаите на германските извори, стоперот не ја прифати првата понуда за нов договор, поради што во клубот расте загриженоста.












