Во Мадрид се подготвуваат за лето: Како ќе изгледа Реал идната сезона!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид со големо нетрпение го очекува почетокот на летниот преоден рок, зашто се најавуваат големи промени, кога станува збор за нови фудбалери.

„Кралевите“ разочараа сезонава, која ја завршуваат без освоен трофеј, а тоа одамна не им се случило, па поради тоа претседателот Флорентино Перез ќе вложи многу пари за ремонт.

Веќе одамна се поврзуваат многу фудбалери со Реал, па речиси сигурно ќе пристигне Еден Азар од Челси, а веќе бил договорен трансферот и на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Секако, ќе останат и некои од постарите фудбалери, како што се Серхио Рамос, Марсело, Дани Карвахал, Касемиро и Лука Модриќ.

Еден од можните состави на „кралевите“ е Куртоа, Карвахал, Рамос, Милитао, Марсело, Касемиро, Погба, Модриќ, Азар, Винисиус и Јовиќ.