Во Манчестер Јунајтед се надеваат дека убедиле еден играч да се приклучи на нивниот тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ јавува дека од Манчестер Јунајтед се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на младиот фудбалер на Бирмингем, Џуд Белингем.

Нешто пред да се разгори ситуацијата со коронавирусот, Белингем заедно со неговите родители беше во Керингтон каде очигледно беше убедуван да стигне на „Олд Трафорд“.

Новинарот на „Скај Спортс“, Џејмс Купер посочи дека младиот талент бил задоволен од тоа што го видел и голема е веројатноста тој да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Станува збор за 16 годишен фудалер кој собра над 30 настапи во екстремно тешката, Чемпионшип лига и игра на позицијата играч за врска.