Во Милан доцна вечерва стигна одличен аргентински играч за врска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хосе Ернесто Соса е нов фудбалер на Милан.

Нешто пред 22 часот стигна на аеродромот во Милано, каде што го чекаа челниците на седумкратниот шампион на Италија, а денеска рано ќе ги изврши медицинските прегледи и ќе потпише договор со Росонерите.

Аргентинскиот фудбалер стигна од Бешикташ, со кој во минатата сезона ја освои титулата во турската Суперлига и стана најдобар фудбалер на првенството, според официјалниот избор.

Соса е 31-годишен креатоер на играта и офанзивен играч за врска каков што Милан бара веќе долго време.

Сепак, многу навивачи на Милан не се задоволни поради порадите кои на “грбот“ ги носи Соса, но се надеваат дека во следните неколку сезони ќе помогне на Милан на стазите на враќање на врвот на италијанскиот и светскиот фудбал.

Оваа вест ги разочара фановите на Милан кои сакаат да ги видат Родриго Бентакур или Квадрадо, поради тоа што сега Милан ја исполни нормата за доведување на играчи надвор од ЕУ. Со Соса, во Милан во овој преоден рок стигнаа уште и Густаво Лопез, Џанлука Лападула, а од порано во екипата се приклучи и поранешниот бек на Ривер Плата Лионел Ванџиони.