Во Милан го губат трпението, поставен ултиматум за Марко Џампаоло


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Тимот на Милан на лош начин ја започна сезоната, а нивниот тренер Марко Џампаоло веќе сега се наоѓа во проблеми.

Поранешниот тренер на Сампдорија на почетокот на ова лето стигна во Милан на местото на Џенаро Гатузо, но засега не ги оправда очекувањата на челниците на Милан.

Токму затоа до него е поставен ултиматум. „Калчомеркато“ пишува дека од раководството на клубот му д але три натпревари на стратегот да ги среди работите и да го однесе тимот на победнички патеки.

Милан мора да победи на средбите со Торино, Фиорентина и Џенова доколку Џампаоло сака да остане се уште тренер на клубот.