Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи вчера повторно ги разочараа своите навивачи, зашто беа поразени на домашен терен од Болоња со 1-2 во меч од 14. коло во Серија А.
Ова беше четврти пораз за Наполи, кој е во очајна форма, па тие се седми со 20 бодови и сега имаат 17 бодови помалку од лидерот Интер.
Многу фудбалери кои претходно почна аштрајк беа казнети, а некои од нив ќе бидат продадени во јануари. На удар беше и тренерот Карло Анчелоти, но Аурелио де Лаурентис реши да не го казни.
Иако Анчелоти му се спротистави на претседателот, сепак сфати дека згрешил и по поразот од Болоња им порача на фудбалерите да заминат во карантин.
Очигледно и Анчелоти се обидува да најде начин неговата екипа конечно да излезе од голема криза во која се наоѓа.